| четврток, 6 декември 2018 |

Преку бизнис Директориумот на Советот за странски инвеститори домашните компании ќе се поврзуваат со странските инвеститори

50000000
Соработката помеѓу македонските компании и странските инвестори ќе се олесни преку бизнис Директориумот на Советот за странски инвеститори. Сите информации поврзани со домашните компании странските инвеститори ќе можат да ги добијат преку директориумот во кој веќе има портфолио за 63 македонски компании.
Претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Хуан Педро Хименез Наваро кој доаѓа од компанијата „Аерчелор Митал“ која веќе 10 години соработува со македонски компании смета дека домашните инвеститори имаат капацитет, знаења и исполнуваат критериуми за да бидат релевантен партнер на странските инвеститори и конкурентни на меѓународните компании.

-Овој промотивен Бизнис-директориум е неменет пред се за членките на Советот на странски инвеститори, но и за сите сегашни и потенцијални компании со странски капитал во земјава. Бизнис-директориумот претставува интегрирана база на податоци на македонските претпријатија, со можност за преглед на податоци за одделни компании, групирани по одредени криетериуми, дејност, големина, број на вработени, оставарена добивка и друго, истакна Хименез Наваро.

Додаде дека преку овој проект странските компании во земјава ќе имаат директен пристап до сите релевантни податоци на потенцијалните домашни партнери коишто на брз едноставен начин можат да воспостават соработка со македонските компании кои ги задоволуваат нивните стандарди.

Според наго овој начин е најдобар за домашните комапнии да дојдат со своите производи и услуги до странските инвеститори без поголемо посредништво и нагласи дека секоја комапнија што е заинтересирана може да биде дел од оваа активност и да и се зголеми можноста за идна соработка со странски инвеститор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top