Осумдесет и осум отсто од македонските граѓани изјавиле дека се сметаат себеси за религиозни, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Брима Галуп.
Одговарајќи по истото прашање „Дали себе си се сметате за религиозна личност или атеист независно од тоа дали посетувате место за богослужба или не?“, осум проценти изјавиле дека се сметаат за нерелигиозни, а само два отсто се сметаат за атеисти.
Во регионот, по Македонија, Косово е следната земја со најголем број испитаници кои се сметаат за религиозни (83 проценти), потоа Србија (72 проценти), Грција (71 проценти) и Бугарија (56 проценти).
Во Македонија Брима Балуп спроведе теренска анкета лице в лице во домот на испитаникот на репрезентативен примерок од 1.204 испитаници на возраст над 15 години во периодот од 1 до 24 ноември 2014 година.
Истражувањето на Брима Галуп е правено и на глобално ниво и тоа покажува дека од анкетираните, 63 проценти велат дека се религиозни, оти еден од петмина, односно 22 процента се изјасниле дека не се религиозни, а еден од десетмина се сметаат себеси за атеисти.
Кина е најмалку религиозна земја со двапати поголем број на атеисти од која било друга нација, (61 процент), потоа следи Хонг Конг 34 проценти, Јапонија со 31, Чешка со 30 и Шпанија со 20 проценти од населението кои се изјасниле како атеисти.
Со 94 процентни поени Тајланд е на првото место како земја со најмногу религиозно население, потоа следуваат Ерменија, Бангладеш, Грузија и Мароко со 93 проценти.
Во Африка и на Блискиот Исток осум од 10 лица се сметаат себеси како религиозни, седум од 10 тоа го кажале во Источна Европа и Америка, а шест од 10 во Азија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст