| четврток, 6 декември 2018 |

Грција годинава очекува 100.000 бегалци

grcija-turizam

Грција годинава очекува до сто илјади бегалци, соопшти денеска заменик министерот миграциска политика Тасија Христодулопулу, истакнувајќи дека Грција за ова прашање од ЕУ побарала финансиска помош бидејќи ситуацијата не може да се совлада со националните средства, информира грчкиот сајт њуз.ин.

Грчката министерка појасни дека Владата разработува вонреден план за да се справи со бегалскиот бран на островите и во областа Атика, а активностите на владиниот кабинет се преземаат во координација со општинските и регионалните власти.

-Доколку оваа ситуација продполжи, бројот на бегалци може да достигне сто илјади, рече грчката министерка, појаснувајќи дека за да може Владата  во Атина да ја компензира актуелната финансиска дупка, таа се обратила за вонредна помош до Европската комисија, бидејќи во моментов ситуацијата не може да се совлада со национални средства.

Христодулопулу уште кажа дека Владата разработува план до јуни да се изгради неопходната инфраструктура за прифаќање на бегалците. Според неа, планот предвидувал да се создадат бегалски кампови на островите, каде се забележувала најголема наезда на бегалци, а потоа да се изградат и постојани центри во внатрешноста на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top