Една девојка од Велика Британија останала бремена откако на една забава имала секс со 25 мажи. Таа анонимно испратила мејл во британски „Mirror” во кој од колумнистката на тој весник, Хелен Колин, побарала совет.
„Испаднав навистина глупава. Отидов на забава на која многу се напив. Имав секс со сите момци кои беа таму”, навела во писмото.
„На телевизија имаше порно филм во кој девојка имаше секс со момци на една забава и јас одлучив да го ископирам тоа”, напишала девојката која вели дека неодамна дознала дека останала бремена. „Никој не носеше кондом. Не знам што да правам со бебето, дали да го задржам или не. Посрамена сум. Таткото може да биде било кој од 25те мажи”, напишала на крајот девојката.
Колумнистката на „Mirror” ѝ одговорила дека ѝ е жал поради неа, но дека треба да се посоветува со доктор за тоа дали да го задржи бебето. Исто така, таа навела дека е лута затоа што ниеден од 25те момци не се обидел да ја спречи во нејзината намера да има секс со сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст