| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава загубила околу 30 отсто од територијата

пентагон

Екстремистичката организација Исламска држава загубила контрола врз 25 до 30 отсто од територијата што ја држеше во Ирак по воздушните напади  на коалициските сили и офанзивата на ирачките сили за безбедност, соопшти денеска Пентагон.

Пентагон наведува дека по повеќемесечната воздушна кампања на коалициските сили, предводени од САД, со поддршка на ирачките сили, Исламска држава има се помала контрола врз територијата.

Исламска држава пред неколку месеци освои поголем дел од северните и западните делови на Ирак, потсетуваат француските медиуми.

Портпаролот на Пентагон, полковник Стив Ворен, изјави дека ирачките безбедносни сили и коалициските воздухопловни сили „без сомнение и нанеле одредена штета на Исламска држава“.

Ворен наведе дека  Исламска држава загубила контрола врз територија поголема од 13.000 до 17.000 квадратни километри.

Коалициските сили од август извеле 3.244 напади врз цели на Исламска држава, од што 1.879 во Ирак, а 1.365 во Сирија.

Според податоците на Пентагон, САД извеле околу 80 отсто од нападите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top