| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица убиени, петмина ранети во престрелка во Истанбул

fft261_mf8507799

Две лица се убиени, а петмина се ранети во престрелка во добротворна организација во истанбулскиот кварт Гултепе, соопшти весникот „Акшам“.

Непознати лица синоќа упаднале во зградата и почнале да пукаат. Вработените во организацијата возвратиле на огнот и почнала престрелка во која седум лица се здобиле со прострелни рани.

По сигнализирање на локални жители на местото на инцидентот биле испратени полициски и медицински екипи. Ранетите биле однесени во
болница, но и покрај напорите на лекарите двајца од нив починале.

Според досега достапни информации, повод за пукањето е непријателството меѓу членови на добротворната организација и напаѓачите.

Полицијата почна истрага и во врска со инцидентот досега приведе 24 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top