Парите ги трошела за скапи брендирани парчиња накит и часовници, си купила стан за 130 илјади евра, а во возниот парк имала, покрај БМВ, уште 3 автомобили. Гардеробата ѝ била полна со скапи фустани, а луксузот го купувала со парите на наивните муштерии што плаќале за евтини станови.
Измамничката прво ги наоѓала жртвите, ги убедувала дека има станови за социјални случаи или за лица со посебни потреби кои може да им ги продаде за 400 евра за квадратен метар или многу поевтини од пазарната цена.
Била толку убедлива што жртвите поверувале дека до вистинската цена на становите ќе доплатат владите на Холандија или на Белгија во рамки на хуманитарен проект. Муштериите плаќале меѓу 15 и 30 илјади евра на сметка на таткото на уапсената скопјанка.
Кога муштериите се посомневале зошто не им дава клучеви од становите, пријавиле во полиција. Полицијата ја отворила истрагата и ја открила измамата, постојат сомневања дека има уште измамени граѓани кои полицијата ги повика да пријават.
Дваесет и деветгодишната скопјанка и нејзиниот татко се во притвор, а вредните работи им се одземени.
Извор: Канал 5
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Се роди Илина, ќерката на Сара и Димитар (ФОТО)