| четврток, 6 декември 2018 |

ФТ: Грција се подготвува за банкрот ако до крајот на април не се договори со кредиторите

greece-euro-crisis
Грчката влада се подготвува да прогласи банкрот на државниот долг доколку до крајот на април не успее да постигне договор со кредиторите, пренесе ТАСС.

Информацијата синоќа ја соопшти весникот „Фајненшел тајмс“ на својот веб-сајт.

– Владата, која брзо ги тенчи парите за плаќање на платите на државните службеници и пензиите, одлучи да се откаже од враќање на долгот од 2,5 милијарди евра кон Меѓдународниот монетарен фонд што требаше да бидат префрлени во текот на мај и на јуни, доколку не се постигне спогодба – за весникот изјавија извори информирани за плановите на грчките власти.

– Стигнавме до крајот на патот. Ако Европејците не префрлат пари од фондот за финансиска помош, нема да има алтернатива, освен банкрот – изјави за весникот претставник на грчката влада, кој посака анонимност.

Весникот „Фајненшел тајмс“ забележува дека евентуалниот грчки банкрот ќе значи досега незабележен шок за еврозоната. Предупредувањето може да е и тактички чекор во преговорите што за цел има Грција да добие што е можно поблагопријатни услови од кредиторите.

Европските влади, исто така, подготвуваат вонредни планови за случај на евентуален грчки банкрот, забележува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top