Документарниот филм, „Име си е име“ денеска ќе биде прикажан на престижниот Универзитет „Браун“ во Провиденс, во американската сојузна држава Роуд Ајленд.
Проекцијата е во организација на студентите од Македонија кои студираат на тој универзитет, а е поддржана од Меѓународната организација „Браун“ во соработка со Институтот за меѓународни студии „Вотсон“, јави МИА.
Предвидена е дискусија по прикажувањето на филмот, на која ќе присуствуваат професорот Кит Браун од катедрата за Меѓународни студии на Универзитетот „Браун“ и автор на повеќе книги за Македонија, заедно со продуцентот Џејсон Мико.
– Целта на филмот е, пред сѐ, да се запознае и едуцира публиката за оваа тема, како и охрабрување на Македонците во борбата да се исправи оваа неправда – вели Мико.
Филмот „Име си е име“ на 23 април ќе биде прикажан и во Македонската амбасада во Осло, Норвешка, за чијашто промоција се ангажираа амбасадорот Енвер Абдулахи и режисерот на филмот Сигурјон Еинарсон, кој ќе присуствува и на отворената дискусија со публиката.
– Ова го правиме за да го привлечеме вниманието на широката меѓународна јавност за овој спор. Сакаме да му дадеме глас на македонскиот народ во оваа борба против неправдата поради присилното нарекување на Македонија со нешто друго освен со сопственото име – вели Еинарсон.
Премиерата на филмот се одржа во 2009 година и од тогаш имаше повеќе проекции низ светот, Канада, САД, Австралија, Обединетото Кралство, Норвешка, Белгија и низ други европски држави. Веќе пет години филмот продолжува да ја кажува приказната на македонскиот народ и зошто тие едноставо одбиваат да се нарекуваат со друго име освен – Македонци.
Документарниот филм беше снимен во 2008 година, во нарација на Сер Ендрју Моушн, поет лауреат од Обединетото Кралство, со музика од Мум, Сигур Рос и Еартх Афаир (Исланд), Монте-Негро и Грахам Неш (САД), Кирил и Тоше Проески (Македонија). Мортен Харкет, вокалот на бендот А-ХA ја донираше сопствената песна „Името е име“ за овој филм. Песната беше дел од неговиот албум „Писма од Египет“, од 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст