| четврток, 6 декември 2018 |

„Авала филм“ на лицитација

Avala_FilmНајголемата и најстарата филмска компанија во поранешната Југославија, Авала Филм, по четири години стечај, се продава на аукција. Во пакет со филмските студија се продаваат и продуцентските права на над 600 играни и документарни филмови. Филмските работници во Србија бараат продажбата да се запре, јави српскиот јавен сервис РТС. Почетната цена за „Авала филм“ е нешто помалку од девет милиони евра.

На 22 април компанијатра од 1945 година ќе биде на лицитација заедно со правата за користење на делата на Саша Петровиќ, Душан Макавеев, Жика Павловиќ, односно 200 играни и 440 документарни и експериментални филмови.

Директорот на Југословенската кинотека Радослав Зеленовиќ вели дека тој што ќе ги купи правата за филмовите може некој ден да побара и од филмовите да направи нов начин за прикажување.

-Ќе се бараат изворните материјали, односно негативите. По неколку употреби, тој е неупотреблив, и ќе немате од што да направите нов филм. Се загрозува нешто што е општо добро- вели Зеленовиќ.

zelenovic-Филмските работници сметаат дека се брза со продажбата и дека државата може да ја спречи. „Авала Филм“ вкупно должи околу четири милиони евра и со таа сума замина во стечај. Проценета е на 20 милиони, а цената на лицитацијата е девет милиони.

Srdan-Dragojevic--„Авала Филм“ должи на јавни претпријатија како и многу други претпријатија кои не се во стечај, а долговите за комуналии и за данок се репрограмирани, па тоа бараат да се стори и за „Авала Филм“- вели режисерот Срѓан Драгојевиќ.

Српското министерство за култура се прогласило за ненадлежно, па се посочува кон Агенцијата за приватизација, од каде даваат насоки како да се спречи продажбата.

– До сега немаше иницијатива на филмските работници и здруженијата по повод оптималното решение. Според законот за стечај, може да се поднесе приговор најкасно до десет дена пред предложениот ден за продажба. За приговорот одлучува стечајниот судија. Приговорот не јја спречува продажбата, освен ако судијата така не одлучи- посочиле од Агенцијата за приватизација.

-Ова многу потсетува на продажбата на „Београд филм“ каде исто така беше платено малку под девет милиони евра за 14 кино-сали, чија вредност на просторот во метри квадратни достига до 50 милиони евра- посочува Драгојевиќ.

Радослав Зеленовиќ вели дека не е оптимист дека доколку се се продаде, нема да биде пренаменето. „Авала Филм“ нема свое земјиште, но има право да користи 37 хектари на кои може да се гради. Што ќе се прави со земјиштето и со студијата, новиот сопственик не мора да наведе при купувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top