| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Куба наскоро ќе биде тргната од „црната листа“?

kerryБарак Обама во наредните неколку дена ќе одлучи дали Куба да биде отстранета од листата на држави-спонзори на тероризам, рече шефот на американската дипломатија Џон Кери.  Американскиот претседател и претседателот на Куба, Раул Кастро во саботата се сретнаа во Панама, за прв пат од 1956 година.

На „црната листа“ на која се и Сирија, Судан и Иран, Куба е од 1982 година, поради прифаќање на екстремисти од баскиската сепаратистичка организаација ЕТА и колумбијските герили ФАРК. Државниот секретар во неделата призна дека неговото министерство после долго разгледување на случајот со Куба му дало препорака на претседателот Обама.

-На претседателот му оставам простор да донесе одлука на основа на нашите препораки. Тој таа одлука ќе ја донесе во наредните денови- изјави Кери за „Си-Би-Ес“.

САД и Куба ги прекинаа прекинаа дипломатските односи во 1961 година. Половина век подоцна, Кастро и Обама на 17-ти декември го изненадија светот со објавување на одлуката за историското помирување на овие две земји, по 18 месеци водење преговори во најголема тајност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top