| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени 16 сириски мигранти, кривични за криумчарите

имигрантиТатко и ќерка фатени додека криумчареле 16 мигранти од Сирија. Семејниот криминал со транспортирање на имигранти од Гевгелија до Куманово функционирал подолго време, а бил разоткриен на почетокот од овој месец, кога кај селото Катланово полицијата запрела две возила, во кои се наоѓале нелегалните патници.

Пријавените татко и ќерка од Гостивар, со место на живеење во Гевгелија, биле организирани во група и заедно го извршувале кривичното дело во соработка со уште две лица за кои од МВР претходно е поднесена кривична пријава. Ќерката остварувала контакти со непознато лице од Афганистан, кој работел во пограничниот реон со Грција и овозможувал илегално префрлување на мигрантите од Грција и Македонија.

Лицата кои што ги превезувале од Гевгелија до Куманово, по завршување на работата добивале по 500 евра.

Судијата по претходна постапка на првопријавениот и третопријавениот им изрече мерка притвор во времетраењето од 30 дена , додека на второпријавената и е изречена мерка претпазливост – привремено и е одземена патната исправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top