| четврток, 6 декември 2018 |

Средба на Путин со палестинскиот лидер

Рускиот претседател Владимир Путин ќе има средба денеска со палестинскиот лидер Махмуд Абас фокусирана на блискоисточните мировни преговори.

– Двајцата лидери ќе имаат разговори кои се однесуваат на клучни аспекти на руско-палестинските односи и нивната иднина, а посебно внимание ќе посветат на трговијата, економијата и хуманитарни сектори, се вели во соопштение од Кремљ.

Ќе бидат разменети идеи за проценка на израелско-палестинските преговори и други проблематични регионални ситуации.

Абас денеска ќе има средба и со рускиот премиер Дмитриј Медведев со кој ќе разговара за економски и инвестициски прашања. Се очекува потпишување на неколку меѓувладини договори за време на тридневната посета на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top