| четврток, 6 декември 2018 |

Приземјен авион на „Џерманвингс“ поради дојава за бомба

germanwings

Aвион на германската авио компанија „Џерманвингс“ кој летал за Милано е вратен на Аеродромот Келн-Бон, а патниците се извадени надвор бидејќи полицијата добила повик дека во авионот е подметната
бомба.
Германската сојузна полиција заканата ја примила доцна попладнево. Поради тоа аеродромската контрола на летање ги известила пилотите на авионот кој веќе тргнал на пистата за полетување.
Пилотот го одвел авионот на местото предвидено за такви случаи, каде што се симнале патниците и членовите на екипажот, а во авионот дошле полицајци кои целосно го прегледале.
На крајот на март авион на компанијата „Џерманвингс“ со 150 патници се урна во Алпите. Најголемите сомнежи за несреќата паѓаат врз копилотот за кој се претпоставува дека го урнал авионот бидејќи бил психички нестабилен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top