Црногорскиот виор во редовите на женскиот ракоментен клуб Вардар –Јованка Радичевиќ станува македонска снаа.
Поранешниот голман на Вардар, сега во Турново, струмичанецот Дино Захов го освои срцето на 28-годишната ракометарка од Подгорица. Ќе биде македонска снаа, а Скопје е една од опциите за постојан престој на оваа спортска двојка по завршувањето на кариерата.
– Да, ќе бидам македонска снаа – на чист македонски јазик одговара Радичевиќ во интервјуто за неделникот „Република“, кое можете да го прочитате во велигденскиот број, кој ќе излезе од печат в четврток.
Згодниот голман Дино Захов и прекрасната ракометарка Јованка Радичевиќ се заедно веќе година ипол. Се запознале во февруари минатата годинава кога и двајцата биле повредени па се сретнале на местото каде оделе на терапија. Захов имал повреда на рамото, а Јованка на ногата.
-Најпрво да се обидеме да го освоиме европскиот врв, па за свадбата после е лесно.-вели извонредното десно крило на Вардар. Инаку Јованка се најде во необична ситуација на фудбалскиот меч меѓу Вардар и Турново. Навива за Вардар, но и за својот иден сопруг Захов, кој бранеше за Турново. И има необичен одговор.
– Нека победи Вардар, а Дине да не прими гол – изјави на шега Радичевиќ во интервуто за Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст




