Внимателно со мрсната храна за Велигденските празници. Четириесетдневниот пост и наглото конзумирање на мрсна храна потоа може директно да удри врз здравјето на луѓето, предупредуваат лекарите. Од клиниката за токсикологија за Фактор велат дека праксата покажала дека токму за овие празници болниците имаат полни раце работа. Покрај обилната храна опасност постои и од прекумерното конзумирање на алкохол.
-Познато е дека за Велигден се јаде тешка и масна храна, која може да доведе до разни тешкотии на организмот и да доведе до нарушување на цревната флора. Верниците кои постеле во текот на Велигденските пости, за време на празникот треба да внесуваат полесни оброци и да не се прејадуваат. Тие мора внимателно да се вратат на вообичаената исхрана. Значи повеќе и почести оброци, но не преобилни, советуваат оттаму.
Богатата и свечена трпеза покрај празнично расположение, може да донесе и многу непријатности, па наместо во кругот на семејството празниците да се поминат во болница.
Треба да се избегнува масната и тешка храна, бидејќи таа може да ја наруши работата на дигестивниот систем. Според него и алкохолот може негативно да влијае врз оние лица кои се придржувале на Велигденскиот пост. Бидејќи организмот е истоштен од постот, алкохолот може да ја наруши работата на органите за варење и да влијае негативно на кардиоваскуларниот систем, односно да го зголеми крвниот притисок.
–Познато е дека за Велигден се јаде јајца, јагнешко месо, калорични салати и слатки, а се конзумира и многу алкохол. Јајцата и месото се нутритивна бомба и можат да предизвикат дисбаланс во организмот кој може да доведе до сериозни здравствени нарушувања, па затоа препорачуваме со оброците да се конзумира повеќе свежа салата како и овошје, додаваат експертите.
Најопасна особено со внесување во големи количини е жолчката од јајцата која е богата со незаситени масни киселини, витамини и антиоксиданси. За да има нутритивна вредност, би требало да се внесува во многу мали количини, затоа што покрај сите корисни состојки, жолчката содржи и многу холестерол кој негативно влијание на крвните садови. Бидејќи за време на постот не се внесувале никакви животински масти во организмот, ниту преку месо, млеко или јајца, после завршувањето на постот, оваа храна би можела да направи „удар“ на органите во телото, особено на жолчката и црниот дроб, а не ретко има и акутно воспаление на панкреасот кое може да предизвика сериозни компликации.
Постот и храната помеѓу телесното и духовното! Постот не е само формалност и отсуство од храна, велат свештените лица. Тој по дефиниција е воздржување, но истиот има и телесна и духовна страна.
“Рестриктивно ќе се воздржуваме од мрсна храна, од телесни и духовни потреби, но дали во онаа духовна димензија ќе се ослободиме од секојдневните лични суети, лоши мисли и дела со кои би го навредиле или ожалостиле некого? Со постот треба да се постигне одредена цел. Искрените верници кои ја сакаат и почитуваат верата треба да ја практикуваат во своите постапки и начин на однесување, кон блиските и воопшто кон луѓето. Треба духовно да се воздигнеме над злото. Јас како свештеник сум против навреди, омаловажувања и деградирање на личноста, без разлика кој тоа го прави. Тогаш залудно е и постењето, и богатството и изобилието на трпезата. Треба да знаеме да се сакаме и да се почитуваме”.
Овие појави, за жал, особено денеска кога се наоѓаме во ек на политички кампањи и избори се карактеризираат со чести навреди кон другиот. Тоа не соодветствува со христијанската вера и нејзините учења за љубов и разбирање. Токму затоа се овие празници, завршува отец Томе, да не потсетат на големината и на важноста, не само од постењето, туку и она што влегува и излегува од устата и од мислите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст