Девет лица се убиени во Нигерија, каде во 29 од 36 држави се одржуваат парламентарни и локални избори за гувернери.
Парламентарните избори се одржуваат по победата на опозицијата во претседателската трка без преседан, пред две недели.
Убиствата се случиле во државата Риверс, богата со нафта, каде според опозицискиот кандидат за гувернер Дакук Петерсиде, се убиени осум негови приврзаници.
Во меѓувреме, полицијата соопшти дека во истата држава е убиен и еден полицаец.
Медиумите објавија и дека едно избирачко место е запалено, како и домот на државниот комесар за правата на жените.
Еден од членовите на Изборната комисија истакна дека осум млади набљувачи на изборите се киднапирани, а полицијата досега успеала да ослободи само четворица од нив.
Нигериската полиција и безбедносните служби го ограничиле движењето на возилата во земјата за време на изборите и ги затвориле копнените граници на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст