| четврток, 6 декември 2018 |

Обама побара од противниците да не го уништуваат нуклеарниот договор со Иран

Аobama_1мериканскиот претседател Барак Обама ги повика противниците на договорот за иранската нуклеарна програма да не го уништуваат.

Тој изрази загриженост дека е можно договорот да биде првично осуден и ги предупреди оние, кои се против било каков договор, да не се обидуваат да најдат аргументи со цел да ја уништат можноста за решение.

Според него, партиските интриги во американскиот Конгрес поради предвидениот договор со Иран стигнале премногу далеку.

На прес-конференцијата на самитот во панама, Обама нагласи дека не е изненаден од критиките од иранска страна, но е разочаран од некои републикански членови на Конгресот, кои повеќе веруваат на изјавите на иранскиот лидер отколку на објаснувањата на американскиот државен секретар.

Обама смета дека тоа не е начинот на кој треба да се води американската политика.

И покрај се, Обама останува категоричен на својот став дека нуклеарниот договор е најдобар начин за спречување производство на нуклеарно оружје од страна на Техеран. Тој изрази оптимизам дека светските сили и Иран ќе успеат да се договорат, без разлика на силните зборови на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи кажани минатата недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top