Се правиме онлајн – закажуваме прегледи кај лекари, управуваме со нашите банкарски сметки и со наоѓаме партнери – но се уште не можеме да гласаме од нашите комјутери или паметни телефони.
До 2020 година сето ова мора да се смени, а извештај на владата повикува на повторно пробно онлајн гласање до таа година. Но критичарите продолжуваат да предупредуваат со ставот дека електронското гласање не е доволно безбедно и доверливо според основите на нашата демократија – а можеби никогаш и нема да биде.
Велика Британија претходно имаше пробен изборен циклус за локални избори – во 2002, 2003 и во 2007 година – а Естонија стана светски позната како првата земја која организираше онлајн гласање за општите избори за парламентот во 2007 година. Сепак, Мег Хилиер, пратеник од Лабуристичката партија и член на дигиталната комисија која го напиша извештајот 2020, признава дека тимот бил „неподготвен во детали да ги истражи проблемите за безбедноста и за механизмите тоа воопшто и да се оствари“, со надеж дека Изборната комисија „и други ќе ја продолжат оваа задача“.
Случајот со е-гласањето
Пратениците дебатираат дека извештајот ги забележал сите аспекти дека безбедноста на е-гласањето е загрижувачко, но веруваат дека предизвиците се засенети од неговата корист.
Кампањската организација ВебРутс демокраси, ги изложи аргументите за онлајн гласањето во својот извештај, со тврдењето дека две третини од испитаниците во анкетата имаат воља да гласаат онлајн ако го можат тоа, а ова е посебно истакнато кај помладите гласачи.
Плус, во извештајот се тврди дека онлајн гласањето ќе ги намали трошоците по глас за една третина на 2,50 фунти, и ќе го намали бројот на случајно неважечки гласачки ливчиња.
Истите ветувања и претходнио биле дадени, секој пат кога во Велика Британија ќе се промовира оваа идеја. Во 2002 година, пет градски совети им дозволија на гласачите да пополнат гласачки листови од дома преку интернет, преку текст пораки и во „киосци“; во 2003 тоа беше проширено на 14 градски совети.
Излезноста порасна за просечни 4,9 проценти, но доста се разликуваше – во Јужен Тјунсајд скокна за 20 проценти, а во Вејл Ројал опадна за два проценти.
По изборите во 2003 година, извештај на Би-Би-Си покажа дека е-гласањето „не успеа да изврши големо влијание“. На гласачите им било дадено бројче на гласачки лист и ПИН број, но се појавиле проблеми со технологиите – во Сент Албанс компјутерите во гласачките кабини имале проблеми со поврзувањето и биле заменети со хартиени гласачки ливчиња.
Во 2007 биле направени уште пет пробни гласања. Сите биле оценети како „воглавно успешни“ – но осум години подоцна не се направија други проби. Барем не во Велика Британија.
Онлајн гласањето е тестирано низ целиот свет, иако поголемиот број од тестовите биле на локално или на пониско ниво. На пример, Естонија користи е-гласање уште од 2005 и во 2007 го користеле за да изберат парламент – иако само 5,4 проценти од гласачите користеле онлајн систем за да го направат својот избор.
Загриженост околу безбедноста
Сите потенцијални бенефити се безначајни ако не можеме да им веруваме на резултатите, но досега немало никакви напади против системите за е-гласање – или барем не за онакви за кои сме дознале.
Како што се истакнува во еден извештај за е-гласање од Швајцарија, кој го подготви одделот за кибер право на Харвард, дигиталните опции останале прилично ретко користени од избирачите.
– Сепак е логично да се сфати дека системите ќе бидат изложени на голем број на обиди за напади и манипулации, додека е-гласањето станува се пораширено, се забележува во извештајот.
Ако владата изврши притисок со обидите за е-гласање, како што и изгледа дека е подготвена, треба да вклучи повеќе експерти, вели Андерсон – и постои еден Зелен политичар кој многу добро ја познава проблематиката, и одвнатре и однадвор.
И покрај потрошените годни за развој на GNU.FREE системот за гласање преку отворен онлајн извор, на Џејсон Китит, лидер на Советот на Брајтон и Хув сити – не му е омилено онлајн гласањето (барем не на неговата партија). „При работата на овој проблем, дојдов до заклучок кој сега го споделуваат повеќето компјутерски научници, дека е-гласањето не може безбедно да се организира и доверливо со сегашните технологии. Затоа престанав да работам на системот, но продолжив да водам кампања и да го истражувам проблемот“, рече тој. Тоа вклучува набљудување на системи за е-гласања и е-броење на гласови кои се користат во Велика Британија и во Естонија. Неговииот извештај не дава некаква голема надеж.
– Кога со моите колеги ги следев пробните избори, секогаш забележувавме сериозни грешки во безбедноста и доверливостаљ на системите кои беа користени, вели тој. „Да, секогаш пронаоѓавме проблеми и ги документиравме во долги текстови и стручни рецензии“.
Китит смета дека постоојат три главни барања за робустни политички избори: безбедноста, анонимноста и верификувањето. „Остварувањето на тие три барања е многу тежок проблем, за разлика од другите постоечки транскации“, вели тој.
– Онлајн банкарсвто има проблеми, но повратот е можен по проверката на вашата банкарска состојба. Не можете да рефундирате глас и „потврда на глас“ не може да се обезбеди за да се провери дали вашиот глас бил точно забележан, затоа што тоа би овозможило продажба на гласови и присила“.
Сета хартија на стандардните гласачки лисвчиња можеби сега изгледаат старомодни, но оставаат траг кој гласот од компјутерите и телефоните не го оставаат, се согласуваат други експерти. „Постои фундаментален конфликт помеѓу верификацијата и задржувањето на тајноста на гласањето“, вели Џим Килок, извршен директор на Оупен рајт груп. „Хартиените гласачки ливчиња го овозможуваат сето ова многу прецизно, но тешко е со комјутерите затоа што ие оставаат уверливи траги“.
Гласањето надвор од гласачките места го подига спектарот на манипулации со гласовите, објаснува Рос Андерсон, професор по компјутерска безбедност од Универзитетот во Кембриџ.
– Кога преминувате од лично гласање на гласање од дома (без разлика дали по пошта, по телефон или преку интернет) тоа во многу ја проширува можноста од купување гласови и присила, и го увидовме ова дека е во постојан подем во Велика Британија уште од изборите во 2001, кога гласањето преку пошта прво стана можно“, вели тој. „Сите партии беа фатени како мешетарат со гласовите на разни начини“.
Оваа студија за е-гласањето во Швајцарија на студиите по кибер право на Харвард го потврди тоа дека заради малициозни софтвери и слични закани, системот на е-гласање треба да биде обезеден против манипулации со гласовите.
– Затоа што не се користат потписи, постои ризик дека е-гласачот не е всушност лицето кое тој или таа тврди дека е, се забележува во извештајот и се додава дека „како и гласањето по пошта или на гласачки места, е-гласањето најверојатно никогаш нема да биде комплетно безбедно од манипулации или незаконски опсервации“.
Сето ова е познато уште пред да се земат предвид малициозните софтвери и другите закани по кибер безбедноста – со други зборови, некој директно ќе се обидува да ви го хакира вашиот глас. Килок потенцира дека „треба да се обезбеди сечиј апарат да не биде оптеретен“ – нешто што е скоро невозможно да се оствари. „Гласањето преку интернет е исклучително страшно“, вели тој. „Кога експертите за безбедност ги следеа изборите во Естонија, беа шокирани колку е лесно да се пробие системот и да се украдат гласовите… Не смееме да се коцкаме со демократијата“.
Недостигот од транспарентност е уште едно големо безбедносно прашање – посебно ако собирањето податоци, анализите и слкладирањето се случува во ИТ системи кои не се сосема транспарентни или тешко можат да се разберат. „Ова може да излезе како закана по легитимноста на гласањето, затоа што повеќето луѓе не се доволно технички обучени да можат да контролираат дали системот вистински и без проблеми функцинира“, се забележува во извештајот од Харвард.
– Засега, „просечните“ граѓани отсекогаш помагале во броеењето на гласовите. На некој начин, и ова допринесува во чувството за контрола и во смисолот за поврзување на државата со луѓето“.
Се разбира, сите овие дебати се околу општите избори. Андерсон вели дека онлајн гласањето е фино за „гласањата од понизок ранг“ – тој ја наведува неговата употреба на Институтот за инженеринг и технологии и кај тамошниот универзитетски совет – но вели и дека „е помалку фино онаму каде има вешти мотивирани опоненти“.
Всушност, Винс Кејбл повика за негова употреба на помали избори, како што се синдикати, за да се засили ниската излезност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст