Американскиот претседател Барак Обама изјави дека поранешниот државен секретар Хилари Клинтон би била добар претседател на САД.
– Таа беше одличен кандидат во 2008 година. Ме поддржуваше на изборите. Беше прекрасен државен секретар. Таа е мој пријател. Сметам дека би била добар претседател, истакна Обама пред очекуваното објавување на кандидатурата на Хилари Клинтон за Белата куќа.
Хилари Клинтон се очекува денеска да стави крај на повеќемесечните шпекулации за нејзината политичка иднина и преку социјалните мрежи да ја објави кандидатурата за Белата куќа и веднаш да започне кампања за претседателските избори во 2016 година.
Според медиумите, Клинтон прво преку видео снимка, која ќе ја објави на социјалните мрежи, ќе побара именување од Демократската партија, а потоа во Ајова и Њу Хемпшир ќе одржи помали митинзи.
Доколку биде избрана, таа ќе биде прва жена претседател на САД. Во претходната трка за претседател во 2008 година, Хилари Клинтон загуби од актуелниот шеф на државата Барак Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст