| четврток, 6 декември 2018 |

Гонзалес: Кјелце ги казни нашите грешки

Sport78-Raul-Gonzales-2Тренерот на Вардар по поразот од Кјелце на домашен терен од 22:20 изјави дека на вакви натпревари не смеат да се прават грешки. Токму тие се причината за загубениот натпревар против полскиот тим.
-Имавме водство кое не успеавме да го искористиме. Имавме и три разлика во вториот дел, но тие трчаа повеќе, играа подобро и успеаја да ги казнат нашите грешки. За таму мора да се подобриме, ако сакаме да имаме некаква шанса. Сега ќе биде многу тешко таму, ќе се обидеме да победиме на гости, но ќе биде тешко, изјави Раул Гонзалез, тренерот на Вардар

Капитенот на тимот, Филип Лазаров најави дека во Полска тимот ќе оди со мисла за победа. Во моментов тие се во предност, но има уште едно полувреме.

-Честитки за Кјелце за победата. Нема да должам многу, затоа што ова е прво полувреме во двомечот. Тие се во блага предност, но наше е да отпатуваме во Кјелце и да ги намачиме на нивен терен, да се обидеме да победиме таму.
Сакале или не натпреварот мора да го поделиме на два дела, првите 45 минути и вторите 15 минути. За 45 минути примивме 12 гола што е за пофалба, а потоа уште 10 што е несфатлив пад, вели Лазаров.

Реваншот се игра следниот викенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top