| четврток, 6 декември 2018 |

Спасени околу 1.000 мигранти близу Италија

Италијански и трговски бродови спасија во саботата близу брегот на Либија околу 1.000 мигранти  ид три претоварени бродчиња, а пронајдено е и едно мртво лице, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Мигрантите испратиле повик за помош преку сателитски телефон во петокот, кој бил примен во пристаништата во Сицилија. Нема детали за националноста на спасените.

Бегалци од Блискиот исто и од Африка постојано ги ризикуваат животите на пасно патешествие од Либија до Сицилија са да стигнат во ЕУ.

Се проценува дека минатата година околу 3.500 лица се удавиле во обид да стигнат до Италија преку морето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top