| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на лицето кое синоќа загина во престрелката во Тетово

lenta-policija500

Синоќа околу 22 часот избила престрелка на улицата ЈНА пред угостителскиот објект Бар Код во Тетово.

По извршениот увид утврден е идентитет на починатото лице. Се работи за 21-годишниот Аљтрим Асани од селото Порој кој им подлегнал на повредите со кои се здобил во престрелката.

Со повреди од огнено оружје се здобиле уште 6 лица, од кои Агим М. Џенис Џ. и Шпати.М. се во Ургентниот Центар во Скопје, а на останатите тројца лекарска помош им е укажана во Клиничкиот Центар во Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top