| четврток, 6 декември 2018 |

Укината забраната за сообраќај на патот Ресен – Прилеп

patot-za-kamenica-3

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.

Забраната за сообраќај поради свлечиште на патниот правец Ресен-Прилеп, обиколница на Битола, е укината и сообраќајот е нормализиран за сите видови моторни возила.

Нормализиран е и сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес. Одронот е исчистен но од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top