| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување на институтот „Пју“: Христијаните ќе станат малцинство во Македонија

istrazuvanje2

Поради нискиот наталитет следниве 35 години христијаните во Македонија ќе станат малцинство, а исламот ќе биде најбројна религија. Тоа е заклучокот на најновото истражување на врвниот меѓународен статистички институт „Пју“, кој се занимава со истражување на наталитетот, демографијата и религиите.

Во Македонија ќе има 500.000 христијани помалку, затоа што падот на населението ќе биде во христијанскиот дел од популацијата од 1,2 милиони христијани, на одвај 700 илјади христијани во целата држава. Бројот на муслиманите поради високиот наталитет ќе се зголеми од 809 илјади на 927 илјади муслимани во Македонија. На тој начин, во Македонија ќе има 704.000 христијани и 927.000 муслимани.

istrazuvaje1

                           Христијани                              Муслимани

2010 година         1.221.000 (59,3 %)                809.000  (39,3 %)

2050 година           704.000  (42,7 %)                927.000  (56,2 %)

Ова значи дека следниве 30-тина години процентот на христијаните ќе падне од 59 проценти на 39 проценти поради нискиот наталитет, со што христијаните ќе бидат малцинство во Македонија.

Истовремено, муслиманското населние процентуално ќе се зголеми од 39 проценти во 2010 година на 56 проценти, со што исламот ќе биде најголема религија во Македонија. Воедно, во следниве 3 децении вкупниот број на жители во Македонија ќе падне од 2 милиони и 60 илјади, на само 1 милион и 650 илјади жители. Во Македонија ќе има 500.000 христијани помалку, затоа што падот на населението ќе биде во христијанскиот дел од популацијата од 1,2 милиони христијани, на одвај 700 илјади христијани во целата држава.

istrazuvanje

Бројот на муслиманите поради високиот наталитет ќе се зголеми од 809 илјади на 927 илјади муслимани во Македонија.  На тој начин, во Македонија ќе има 704.000 христијани и 927.000 муслимани.

Во Македонија феритилитетот кај христијаните е само 1,1 родено дете по жена, што е далеку под најнискиот минимум од 2,1 деца по жена за проста репродукција и одржување на популацијата.

Истражувањето завршува со прогноза дека следниве децении Македонија и Нигерија се земјите во кои ќе се смени верското мнозинство. Во светски рамки се очекува  пад на будизмот, стагнација на индуизмот и христијанството, а најголем раст ќе има исламот поради високиот наталитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top