Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. На овој ден се одбележува страдањето на Исус Христос, неговото распнување на чесниот крст и неговата смрт за спас на светот. На денешниот ден христијаните се сеќаваат на настанот кога Исус бил навредуван, тепан и мачен додека масата викала: „распнете го, крвта негова на нас и на нашите деца“. На крајот Исус бил распнат на брдото Голота (што во превод значи „место на черепот) заедно со уште двајца разбојници.
Што се однесува до обичаите околу храната на овој ден, уште одамна е востановен строг пост на вода, односно конзумирање на храна која не се пржи на масло. Затоа денеска според правилата не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир, посна паштета и слично. поголемиот број христијани на денешен ден јадат варен зеленчук или суров зеленчук и овошје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


