Состојбата на стресот влијае позитивно врз процесот на донесување одлуки кај жените и негативно кај мажите. најновите студии открија дека, генерално, жените донесуваат помалку ризични одлуки во стресни ситуации.
Под нормални околности, жените и мажите донесуваат одлуки на сличен начин, но кога се изложени на висок стрес, мажите преземат поголем ризик. За разлика од нив, во стресни ситуации поверојатно е жените да дејствуваат мудро и да размислуваат за нештата. Невролозите објаснуваат дека тоа се должи на различните начини на кои мажите и жените го лачат хормонот на стресот – кортизол.
-Во стресни ситуации нивото на кортизол се зголемува, а овој хормон ја намалува нашата способност за донесување одлуки. Кај жените овој пораст не е толку голем како кај мажите и како резултат на тоа, тие се справуваат подобро со донесувањето одлуки- објаснува неврологот Руд ван ден Бос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.