| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнаа две лица

 

полиција

Осумнаесет годишна девојка од Скопје и 36 годишна жена од Струмица вчера се пријавени како исчезнати во полицијата.

Според МВР, вчера во 12 часот во полициската станица Гази Баба, С.Ш.(50) од Скопје, пријавил дека истиот ден во 06:30 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Е.Ш.(18).

Во Полициската станица во Струмица, пак, вчера во еден часот, струмичанецот Р.А.(48) пријавил дека истиот ден во 11 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга З.А.(36).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица, информира МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top