| четврток, 6 декември 2018 |

Платини во Скопје на отворањето на новиот дом на ФФМ

Zgrada-na-fudbalot-FFM-SkopjeПретседателот на УЕФА, Мишел Платини, за еден час ќе допатува во Скопје и ќе биде наш гостин на отворањето на новата куќа на фудбалот во 14 часот. Легендарниот француски ас ќе биде присутен и на вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Белгија, од 20.45 часот на националната арена „Филип Втори“.

Фудбалската федерација на Македонија од денеска се сели во населбата Аеродром, во новиот модерен спортски комплекс, вреден 4 милиони евра. Покрај административната зграда, во комплексот има и 4 фудбалски игралишта и еден мини-стадион со капацитет од 3 илјади седишта. Тие ќе бидат наменети за сите национални селекции, а официјалната промоција е денеска од 14 часот.

Platini

Платини доаѓа во Македонија по четврти пат, а и покрај бројните понуди за присуство на другите натпревари од квалификациите за СП 2014 што се играат денеска, тој го одбра токму Скопје и дуелот меѓу Македонија и Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top