Претседателката на српскиот парламент, Маја Гојковиќ вели дека секој ден опозицијата сака да ја спречат работата на парламентот и дека е „згрозена и изненадена“ од таквото однесување.
-Со денови претседателот на парламентот и пратениците мнозинството работат под притисок, секој ден слушаме навреди кои ни ги упатуваат опозициските пратеници сакајќи да ја прекинат работата, парламентот да изгуби смисла и да го понижат угледот на овој дом кој е тело на сите граѓани- посочи Гојковиќ пред новинарите во парламентот.
Она наведе дека последните неколку дена е згрозена од обидите на опозицијата со своето однесување, како вели, да ги навредат сите граѓани кои излегле на избори и кои го дале гласот за нив. Таа нагласува дека ќе продолжи да го оди седниците со почитување и деловникот за работа на парламентот.
– Тоа ќе го правам секогаш кога ќе биде упатена некоја навреда кон пратеник, како што се случи денеска, кога еден од пратениците на колегите им рече дека се глупи, дека не знаат да читаат, исто како пред некој ден кога најгрубо ги вреѓаа министрите- посочи Гојковиќ.
Таа додаде дека дел од пратениците се жалеле бидејќи за грубостите биле опоменати и предупредени со исклучување од седницата или со финансиска казна, а кога им било понудено мерките да ги заменат со општествено корисна работа, се жалеле пред новинарите и „со најгруби лаги повторно го навредувале парламентот“.
-Ако некој од пратениците не сака да работи во интерес на граѓаните на Србија, тогаш секое утро кога тргнува на работа треба да размисли кого го застапува- вели Гојковиќ.
Според неа ваквото сценарио не е случајно, дека претходно е осмислено и дека опозицијата сака да го понижи парламентот.
Опозициските Демократска партија, Социјалдемократска партија и Нова партија денеска бараа од премиерот Александар Вучиќ да ја смени претседателката на парламентот Маја Гојковиќ, бидејќи не им дозволува на опозициските пратеници да ги изнесат ставовите по точчките на дневниот ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.