| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши истрагата за „Пуч“, по пет часа распит Заев изјавува небулози

zaev-pred-javno-obvinitelstvo-8

Заврши истрагата за „Пуч“. Денешната последна изјава на Зоран Заев пред обвинителите траеше повеќе од 5 часа. Соочен со доказите четвртоосомничениот Заев, исплашен од наближувањето на судската постапка, не ги коментираше своите аргументи и одбраната. Излезе со став дека процесот треба да биде затворен, односно Пуч да нема судска завршница.

-Нашата одбрана е вистината за Македонија од почеток до крај комплетно искрена и исконска вистина за Македонија што со целиот овој процес денеска веќе толку очигледна толку јасна после увидот во доказите после изјавите и на сведоците и на осомничените е комплетно кристална чиста – изјави Заев пред Обвинителството.

заев верушевски

По целиот процес на истрага во кој повеќе пати беше во Обвинителството, правеше увид во доказите и даваше свој исказ, Заев денеска единствено откри дека и тој поднел контра пријава за  Груевски и Мијалков со која очекува наместо нему, обвинението за Пуч да им биде наменето на челниците на власта. Како што тврди Заев, Груевски и Мијалков сами се прислушувале, сами си подготвувале Пуч, односно сакале „да се симнат“ од власт и за тоа треба кривично да одговараат.

Заев на новинарско прашање посочи дека не ги познавал петто и шестоосомничените, оперативците во МВР кои се осомничени дека му ги дале прислушуваните разговори. Но во признанието на шестоосомничениот, како и во обелоденетата комуникација на Верушевски со петтоосомничениот јасно стои дека тие го вршеле прислушувањето по налог на Верушевски, а во еден разговор се наведува дека се што тие поседувале завршило кај Заев.

верусевски скајп

Тој пак сега одговорноста за нивното однесување ја пренасочува кај нив, иако од партискиот микрофон ги нарекува „Патриоти“ и добротвори.

-Јас петто и шестоосомничениот не ги познавам, начинот на нивно однесување е нивно однесување и нивна одговорност – рече Заев.

По денешното решение за затворање на истрагата обвинителите имаат рок од 15 дена да го состават и достават обвинителниот акт.

zaevng

Со ова случајот Пуч се доближува до судницата во која, како што е најавено, транспарентно ќе треба да се води постапката за сериозните кривични дела кои им се ставаат на товар на осомничените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top