| четврток, 6 декември 2018 |

Нѐ очекува продолжен викенд и сончево време за празниците

Велипеток, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека тоа е во согласност со Законот за празниците на РМ и на граѓаните од православна вероисповед им го честитаат празникот.

Но, што ни носи времето? Сепак, метеоролозите ни носат убави вести. За викендов и најголемиот христијански празник времето ќе биде сончево и топло.

И понеделник е неработен ден, па заедно со викендот тоа се 4 неработни дена, што е одлична можност да отпатувате некаде и да ги оттргнете мислите од секојдневието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top