| четврток, 6 декември 2018 |

Големата мачка во костец со БМВ и со „Мерцедес“

Бри­тан­ска­та авто­мо­бил­ска ком­па­ни­ја „Ја­гу­ар“ ја прет­ста­ви вто­ра­та ге­не­ра­ци­ја на мо­де­лот „Икс-Еф“, ко­ја се ну­ди ка­ко ли­му­зи­на со сред­на го­ле­ми­на. Иа­ко на прв пог­лед но­ви­от мо­дел ли­чи ка­ко зго­ле­ме­на ва­ри­јан­та на мо­де­лот „Икс-Е“ се чи­ни де­ка од „Ја­гу­ар“ не пре­те­ру­ва­ат ко­га твр­дат де­ка ова ќе би­де го­ди­на на го­ле­ма­та мач­ка

Во од­нос на прет­ход­ни­от „Икс-Еф“, но­ви­от мо­дел е за се­дум ми­ли­ме­три по­кра­ток и е три ми­ли­ме­три по­ни­зок авто­мо­бил, но за­тоа ме­ѓу­о­ски­но­то рас­то­ја­ние е зго­ле­ме­но за 51 ми­ли­ме­тар и се­га из­не­су­ва рес­пе­кта­бил­ни 2.960 ми­ли­ме­три. Во „Ја­гу­ар“ наг­ла­су­ва­ат де­ка со тоа ќе би­дат на вр­вот во пре­ми­ум-кла­са­та ко­га се ра­бо­ти за про­стор за но­зе­те на пат­ни­ци­те на зад­ни­те се­ди­шта. Со овие из­ме­ни е зго­ле­мен и ка­па­ци­те­тот на ба­гаж­ни­от про­стор и се­га ну­ди по­ве­ќе од ба­гаж­ни­кот на „БМВ се­ри­ја 5“ и на „мер­це­дес Е-кла­са“.

Jaguar-XF-002

Но­ви­от „Икс-Еф“ е по­ле­сен од не­го­ви­от прет­ход­ник за 190 ки­ло­гра­ми, а тоа се дол­жи на изра­бо­тка­та на ка­ро­се­ри­ја­та, ко­ја ду­ри 75 про­цен­ти е на­пра­ве­на од алу­ми­ни­ум, што, се­пак, не пре­чи да се зго­ле­ми кру­то­ста на кон­струк­ци­ја­та за 28 про­цен­ти.

Со ре­чи­си ед­на­ква пре­рас­пре­дел­ба на те­жи­на­та во од­нос 50:50 на две­те оски, ка­ро­се­ри­ја­та има и иск­лу­чи­тел­но ни­зок ко­е­фи­ци­ент на от­по­рот од 0,26.

По­крај се­ри­ски­от си­стем за сус­пен­зи­ја, „Икс-Еф“ со доп­ла­та мо­же да се до­бие со си­стем што ја ме­сти оп­ти­мал­на­та кру­тост на амор­ти­зе­ри­те.

Jaguar-XF-003

Најс­ла­би­от во по­ну­да­та е 2,0-ли­тар­ски ди­зел-мо­тор, кој ну­ди 163 коњ­ски си­ли и 380 њутн-ме­три вр­те­жен мо­мент и, се­ка­ко, е нај­е­ко­но­ми­чен. Про­сеч­на­та по­тро­шу­вач­ка из­не­су­ва са­мо че­ти­ри ли­три на по­ми­на­ти 100 ки­ло­ме­три. По­сил­на­та ва­ри­јан­та на овој мо­тор ну­ди 180 коњ­ски си­ли со 430 њутн-ме­три вр­те­жен мо­мент. На вр­вот на ди­зел­ски­те агре­га­ти е три­ли­тар­ски­от би-тур­бо­мо­тор со шест ци­лин­дра, кој раз­ви­ва 300 коњ­ски си­ли и ну­ди 700 њутн-ме­три вр­те­жен мо­мент.

За љу­би­те­ли­те на бен­зин­ски­те мо­то­ри „Икс-Еф“ се ну­ди со три­ли­тар­ски мо­тор со шест ци­лин­дра, кој е зе­мен на за­ем од мо­де­лот „Еф-тајп“, кој со по­мош на ме­ха­нич­ки ком­пре­сор раз­ви­ва фан­та­стич­ни 380 коњ­ски си­ли со 450 њутн-ме­три вр­те­жен мо­мент.

Jaguar-XF-004

Си­те мо­то­ри се ну­дат со осум­сте­пен авто­мат­ски ме­ну­вач, со тоа што најс­ла­би­от ди­зел-мо­тор мо­же да се до­бие со ше­сто­сте­пен ма­ну­е­лен ме­ну­вач.

Во стан­дард­на опре­ма, лу­ксуз­но опре­ме­ни­от авто­мо­бил се ну­ди со нов мул­ти­ме­ди­ја­лен си­стем, кој се кон­тро­ли­ра пре­ку 10,2-ин­чен дисп­леј во бо­ја. По­крај овој но­ви­тет, во но­ви­от „Икс-Еф“ е вгра­ден нов ау­ди­о­си­стем со ду­ри 17 звуч­ни­ци и из­лез­на моќ од 825 ва­ти.

„Ја­гу­ар Икс-Еф“ на пуб­ли­ка­та пре­ми­ер­но ѝ бе­ше прет­ста­вен на 1 април, на Са­е­мот за авто­мо­би­ли во Њу­јорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top