| четврток, 6 декември 2018 |

Грциja бара финансиска поддршка, а ЕУ забрзување на реформите

гр

Грција од еврозоната повторно побара финансиска помош за да го избегне банкротот, но оттаму ѝ е посочено во следните шест дена да подготви подобар список со економски реформи, соопшти денеска претставник на ЕУ.

Како што јавија британските медиуми, на синоќешната средба на заменик- министрите за финансии, Атина побарала поддршка за ликвидноста, но ѝ било одговорено дека прво треба да покаже напредок по првично подготвениот список со мерки за подобрување на нејзината финансиска состојба на државно ниво.

Од грчка страна имаше јасна порака дека ликвидноста во земјата значително се влошува и беше упатена молба за доделување некаков вид ликвидна поддршка пред средбата на министрите за финансии од еврозоната, закажана за 24 април, соопшти претставник на монетарната унија.

– Никој не знае како тоа може да се изведе бидејќи нема волја да се даде поддршката пред да има напредок во однос на програмата за реформи – посочи тој.

Европските претставници забележаа дека експертите од еврозоната не се убедени во лошата состојба на ликвидните позиции, како што ги опишува самата Атина, а некои, пак, се сомневаат дека е тоа обид да се изврши заплашување на кредиторите за да доделат нови средства.

Грчките кредитори се решени да ги бараат реформите, кои левичарската Влада на премиерот Алексис Ципрас не сака да ги спроведе заради социјалните проблеми во земјата.

Во моментов има само мало подобрување во техничката соработка меѓу Грција и кредиторите, но напредокот за соддржината на реформите е мал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top