БТА – Софија
Патот кон бегалските кампови во турскиот град Суруч се протега меѓу големи насади со силно жолта репка, а се до каде достигнува погледот се простира полупустински пејсаж со расцветани дрвца со фстаци.
Во бегалскиот камп Арин Мирксан нагрнуваат деца во пресет кон секој посетител со дигнати раце и со знакот „в“ со два прста, кој низ светот се распознава како повик за мир или израз на радост или победа. Тоа во овој случај е поздрав за борците на курдската паравоена организација во Сирија, Сили за заштита на народот (ИПГ).
Оформени во 2004 година како вооружено крило на сириската курдска партија Демократски сојуз, Силите за заштита на народот се претворија во важен фактор во сириската граѓанска војна, а најмногу за време на битките за градот Кобане. Култот кон таа органзиација е огромен, имајќи предвид дека и самиот камп го носи името на жена борец од воружената груапација. Кога борците од Исламска држава нападнале стратешки позиции до Кобане, Арин Мирксан излегла на патот и се разнела, одземајќи го животот и на неколку џихадисти. Благодарение на саможртвата, контролниот пункт кој сега го носи нејзиното име бил држен уште два дена и тоа им дало доволно време на многу жители од градот да избегаат од битките.
Курдски бегалец на околу 70-годишна возраст, кој од причини на безбедност се нарекува Афран, само до пред половина година бил богат фармер и сопственик на седум продавници и неколку куќи во Кобане. Сега е сопственик на сив разнишан шатор со димензии три на три метри, во кој живее со сопругата и уште четири членови на семејството. Располагаат вкупно со три душеци, печка на дрва и килимче на кое седнавме по турски, пиеме чај и разговараме.
– Пред војната животот ни беше евтин, за 15 лири можев да отидам насекаде во Сирија. Ако претходно можев со 15 лири да си купам толку леб и толку шеќер, сега за истата количина треба да дадам две илјади лири, рече Афран додека го замотуваше традиционалниот црвено бел шал околу главата.
Млад член на семејството од некаде му донесе пет јаболки и четири портокали – фасцинантно како тие луѓе беа подгтовени да ја споделат со нас оскудната храна.
– До тука им е дојдено до гуша да доаѓаат луѓе и да ги сожалуваат, или да им фрлат по неколку пакети храна и облека и да си заминат. Бегалците имаат потреба некој да поразговара со нив, да ги успокои, да ги натера барем за кратко да заборават на својата тешка судбина, рече раководителот на нашата група Шабан Кар. Тој е претставник на локалната невладина организација која работи на градење на меѓуетничка и меѓурелигиозна толерантност.
Афран избегал од Кобане пред шест месеци под закрила на ноќта кон турската граница. Минал низ опасен терен со противтенковски мини, кои турската армија ги поставила во тој предел во пеесетите години од 20-иот век. Организацијата Хјуман рајтс воч уште во декември алармираше дека тројца бегалци нагазиле на мини бегајќи кон Турција, која ја зема обврската да ги расчисти и направи безопасни тие зони до 2022 година.
Надвор настана еуфорија – децата од кампот ги учат своите пријатели на курдски танци и песни. Девојче на околу седум години ни покажа блокче со цртежи на мажи вооружени со автомати, тенк и џип со топ, на кои е закачено курдското знаме. – Да живее Кобане, да живее И-Пе-ге, врескаа децата. Нивните родители се жалат дека заради лошото време често боледуваат, а лекарства и медицински персонал недостигаат за близу петте лјадите жители на кампот.
Во новоотворениот камп на почетокот на годинава од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни ситуиации (Афад) во околината во Суруч, глетката е коренито различна – стабилна почва која не прави кал кога ќе заврне, средени места за перење, чисти тоалети, па дури и простории за намаз.
– Не сакам центрите за подолгорочен престој да се нарекуваат кампови, затоа што условите таму се добри и стануваа уште подобри. За да се справи со судбината на бегалците во Турција, Анкара инвестирала над 1,5 милијарди долари до крајот на 2014 година, а целиот останат свет едвај 250 милионо долари, изјави за БТА, Мехмет Екинџи, еден од реонските кметови на Шанилурфа, најголемиот областен град во околината.
Арапи и Курди живеат разделени во владиниот камп за да не започнат судири на етничка основа и да не се пренесе сирискиот конфликт на локална почва, рече управителот на кампот. – Жителите во секој од секторите тука си избираат свој управител, кој ги претставува и преговара кога е тоа неопходно со управата на кампот. На тој начин се обидуваме да ги научиме на демократија, дополни тој.
Редно е да се запрашаме зошто бегалците од Арин Мирксан не сакаат да се преместат во новоизградениот камп со капацитет за 35,000 души, каде на прв поглед условите за живот се многукратно подобри. – Тука се чувствуваме како дома, си создадовме заедница, луѓето се обидуваат да ни го обезбедат животот кој претходно го имавме. Ни се смечи да се преместуваме и да ни даваат заповеди што да не правиме и каде да не одиме, рече еден бегалец од Кобане.
Заради недовербата кај многу Курди кон турската Влада, некои од жителте на кампот велат дека претпочитаат да живеат токму во Арин Мирксан со кој управува општината Суруч, која е контролирана од курдската Народна демократска партија (ХДП).
Курдските бегалци во Суруч сонуваат еден ден да се вратат во Кобане и повторно да започнат со животот таму. Но, страв им е да се вратат за да не бидат убиени од Исламската држава, а некои раскажуваат дека по борбите, од домовите и фармите не им останало ништо.
Од почетокот на сириската граѓанска војна во 2011 година, 12,9 милиони Сиријци се внатрешно раселени, а над 3,9 милиони се избегани од Сирија, според податоци на Врховниот комесаријат на ОН за бегалци. Скоро 200.000 души избегале во Турција со доаѓањето на Исламска држава во Кобане, кое започна во септември 2014 година. На крајот на јануари оваа година, Силите за заштита на народот добија поддршка по копно од ирачките курдски милиции пешмерга, а од воздух од коалицијата предводена од САД, и успеаја да ги одбијат борците на џихадистичката организација и да ги натераат на повлекување. Но, џихадистите ги задржаа позициите во некои од околните села на Кобане, а некои бегалци раскажуваат дека Исламска држава продолжува да има агенти во самиот град.
– Не можам да се вратам во градот. Исламската држава е се уште таму. Не можам да разберам зошто ни го прават ова. Ние сме муслимани, и тие исто тврдат дека се муслимани, но и покрај тоа не убиваат. Ако се тие вистински муслимани, што сме ние тогаш, во недоумица е бегалка од Кобане, мајка на две деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст