| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал на кинематографиите од Југоисточна Европа

Untitled

Од 12 до 16 април во Париз ќе се одржува петтиот Фестивал на кинематографиите од Југоисточна Европа „SEE a Paris“, во организација на асоцијацијата „ЈИЕ во Париз“ и Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје, под покровителство на УНЕСКО и во партнерство со Монтенегро филм фестивал и повеќе европски и регионални институции.

Фестивалот ќе се одвива на повеќе локации во Париз, а свечено ќе биде отворен во театарот „Ле Палас“ со претставата „14 часа” на Македонскиот балет.

На отворањето ќе бидат доделени и почесни награди, меѓу кои на актерот Раде Шербеџија и на театарскиот режисер Патрик Вершурен.

Жирито на фестивалот ќе го предводи познатиот француски режисер Ив Буасе.

Во текот на петте фестивалски дена ќе бидат прикажани најнови филмски остварувања од Југоисточна Европа, а ќе има и други настани: портрет на режисерот Влатко Гилиќ, поетско­ литературна вечер „ЈИЕ во Париз, Париз во ЈИЕ“, музички настап на „Кумановски тамбураши“ и Нино Величковски, предавање на режисерот Никола Вукчевиќ и тркалезна маса на тема „Европеизација на Балканот или балканизација на Европа“.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Црна Гора, Агенцијата за филм на Македонија и од неколку македонски компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top