Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи денеска по повод христијанскиот прзаник – Воскресение Христово – Велигден упати честитка до Македонската православна црква-Охридска архиепископија и до архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.
– Во духот на вековното македонско празнување, и годинава го одбележуваме Христовото Воскресение, тој настан над сите настани, тоа чудо над сите чуда. Велигден ја содржи целата наша историја: нашето минато, сегашност и иднина. Господ Исус Христос вели: „Јас сум вратата; кој ќе влезе низ мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде пасиште“. Со раширени раце на крстот, собирајќи нè во својата прегратка ја отвори небесната врата за да преминеме кон вечната радост, вечната правда и вечниот мир. Ни заповеда да го љубиме својот ближен, бидејќи сите ние сме едно големо семејство. Ако се сакаме, ако имаме меѓусебно разбирање и слога, тогаш ќе бидеме спремни да напредуваме во се – се вели во честитката.
Љубовта кон Бога, се додава во неа, е нашата сила како народ, овде, и насекаде каде што нè има, таа е сила која ги победува сите неправди и која ги надминува сите недоразбирања.
– Своето вековно постоење нашиот богољубив народ го потпира токму врз верата. Што би биле ние, и како земја и како народ, без Црквата, што би биле без благодатта и без делата, без сета наша духовност и творештво? Воскреснатиот Христос е темелот на нашата вера, а Велигден-несоборливиот бедем на нашата света Македонска Православна Црква, преку која сме растеле како народ, нè образувала и просветувала, нè водела кон добро, нè тешела во несреќите, а во опасностите и неизвесностите бдеела над нас како вистинска мајка – се истакнува во честитката од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
Во овој дух, се додава во честитката што во името на Комисијата до МПЦ ја испрати директорката Валентина Божиновска, посакувам овој голем христијански празник да го поминете во многу љубов и мир, да влее надеж и верба во новиот живот и новиот почеток кој настанува со Христовото распетие. Нека Воскресението Христово – Велигден во донесе здравје, радост и нека ви го осветли божјиот пат на љубовта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво