| четврток, 6 декември 2018 |

Сабји, јатаган и стари пушки украдени од спомен-куќата на Гоце Делчев

Во периодот од 3/8 април во спомен-куќата на Гоце Делчев на ул.„Стево Патакот“ во Битола, непознат сторител со насилно отворање на влезната врата украл разни експонати, поточно четири пиштоли, две пушки, две турски сабји и еден турски јатаган.

Кражбата во битолската полиција била пријавена вчера, по што e извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top