Битолската полиција поднесе кривична пријава за А.М.(19) и за уште три малолетници, сите од Битола поради тешки кражби, кои во повеќе наврати ги извршиле во периодот септември минатата година до март годинава.
На почетокот на минатиот месец, односно на 8 март, пријавените влегле преку затворена метална порта во дворот на куќа во Битола и со дејствување врз патент-брава на вратата од влезот влегле и одзеле два паричника со 20.000 евра, злато со тежина околу 400 грама во вредност од околу 10.000 евра и четири чифта обетки „Сваровски“.
Тројца од пријавените во периодот од 1 до 6 март годинава, преку балкон од куќа во Битола, со кршење на прозорецот влегле во дневната соба од куќата и одзеле два златни прстени.
Наредниот ден (7 март) влегле преку ограда во двор од куќа во Битола, со употреба на алат насилно ја отвориле вратата од визбените простории, но го активирале сигурносниот алармен систем со што биле спречени во намерата и го напуштиле местото. Ноќта пак на 7 спроти 8.3. со употреба на физичка сила ја отвориле влезната врата од црквите „Св.Ана“ и „Св.Петка“ на МПЦ и од метална кутија за доброволен прилог одзеле парични средства во вредност од 220 денари.
На 8 март со насилно кршење на прозорец влегле во куќа, извршиле пребарување во просториите, оштетиле една блиндор врата и одзеле бакарни садови.
Во феруари годинава, пак, поточно на 27.2., еден од пријавените, во програмерска фирма, на дрзок и безобзирен начин, од лице од Битола одзел кожна јакна, во која имало паричник со лични документи. Првопријавениот А.М., во текот на септември 2014 година, со употреба на физичка сила и алат делувал на катанецот од куќа, меѓутоа бил спречен во намерата од лице кое живеело во истата, по што истиот избегал во непознат правец. Со сите досега евидентирани извршени дела пријавените направиле материјална штета од околу 1.916.200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.