| четврток, 6 декември 2018 |

Во текот на денот мали застои на патот Велес – Скопје

Сообраќајот на патниот правец Велес – Скопје, по наплатната рампа Отовица, во текот на денот ќе биде во застој во кратки интервали од пет до десет минути поради бетонирање на мостовите.

 Автомото сојузот на Македонија информира дека во целосен прекин е локалниот пат село од селото Стенче до селото Гургурница во Тетовско поради големи наноси од снег во висина од еден до два метра и во должина од два до три километри настанати во текот на вчерашниот ден.

Се преземаат мерки за расчистување на овој патен правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top