
Србите се шампиони во спојување празници, па не е чудно што 75 проценти од младите кај нас сонуваат за работа во државна служба. Од друга страна, за приватниците, одморот од 1 до 7 мај, сепак, не важи, а ни празникот 9 Мај, Ден на победата над фашизмот, бидејќи тие ќе работат.
– За нашата фабрика за метална амбалажа тоа е цела сезона и мораме да работиме. Економијата е во тешка состојба и не можеме да дозволиме толку празнување. Мора што повеќе да се работи – вели Радослав Веселиновиќ, сопственик на групата „Галеб“.
Вело Манџиќ од Белград, сопственик на фурната „Велтино“, наведува дека сега ни за таа бранша нема одмор.
– Работиме 365 дена годишно, не можеме да си дозволиме да не работиме. А, поради празниците, губи и стопанството и државата. Најголеми загуби имаме ни,е кои се занимаваме со производство, додека тие што ги носат законите за празниците, уживаат – огорчен е Манџиќ.
Некои приватници неработните денови ќе ги надоместат преку викендите. Директорот на „Металец“ вели дека целосно е нерационално два дена да работиме, па пет дена да празнуваме, а потоа повторно еден ден да работиме, па повторно да празнуваме.
Според Унијата на работодавци во Србија, државата за секој неработен ден губи околу 12 милиони евра, додека загубите во стопанството се оценуваат од 11 до 17 милиони евра дневно.
Во Србија годишно има 11 неработни денови. Хрватска на пример има 13, Македонија 12, додека Црногорците, на пример, помалку празнуваат од нас и годишно имаат осум неработни дена.
Извор: Каматица, МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


