| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто ни трпнат рацете и нозете?

нозе

На сите ни се случило мускулите да ни се успијат, но малку е познато зошто се случува тоа. Знаете ли дека трпнењето има и свое латинско име?

Ако седите со скрстени нозе, ако спиете со една рака под перницата или долго сте во иста положба, ќе почувствувате трпнење, пецкање или боцкање во тие делови на телото, како сто мравки да ви лазат по мускулите.

Се работи за појава која во медицината е позната како паретезија (lat. paresthesia) и, како што на сите ни е познато, прилично е вообичаена.

Најчеста причина е привремено ослабен или спречен доток на крв кон одреден дел од телото, но трпнењето може да биде предизвикано и од сериозни состојби, како синдром на хипервентилација или напади на паника.

Исто така, до оваа појава доаѓа и кога нерв трпи притисок поради што неговата функција е оневозможена. Решавањето на овој проблем е едноставно: доволно е да го ослободиме нервот од притисокот и тој непречено ќе продолжи да ги врши своите функции.

Ако трпнењето прерасне во хронична состојба, лекарите најчесто се сомневаат дека постои проблем во работата на невроните или циркулацијата.

Покрај тоа, постои и парестезија, т.е. упорна анестезија, минлива или потенцијално постојана состојба која се јавува по примање локална анестезија, најчесто во стоматологијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top