| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ: Не сум направил ништо лошо, им се извинувам на семејството и на соиграчите

perooo
Единствениот Македонец во НБА-лигата Перо Антиќ и неговиот соиграч од Атланта Тебо Сефолоша ги отфрлија обвинувањата упатени кон нив по вчерашниот инцидент во ноќен клуб во Њујорк, по кој беа притворени и неколку часа држени во полициска станица.

„Како членови на Атланта имаме високи стандардни на однесување и нашата улога во професионалниот тим ја сфаќаме сериозно. Ќе направиме сѐ за да докажеме дека не сме направиле ништо лошо. Им се извинуваме на семејствата, соиграчите и на сите други од таборот на Хокс за негативниот публицитет што им го донесе овој инцидент. Повеќе од ова не смееме да коментираме додека трае процесот против нас“, пишува во заедничкото соопштение до јавноста на Антиќ и на Сефолоша.

Двајцата кошаркари беа обвинети за спречување на полицајците при истражувањето на местото на кое претходно со нож беше прободен Крис Коупленд од Индијана Пејсерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top