Конгресменот Дејв Трод, републиканец од 11-тиот конгресен дистрикт на Мичиген, се придружи на конгресната група за пријателство со Македонија, информираше Обединетата македонска дијаспора.
Конгресменот Трот ја презеде функцијата на 3 јануари 2015 година. Пред неговото доаѓање во Конгресот, тој беше претседател, главен извршен директор и сопственик на неколку компании, кои се креатори на 1.800 работни места. Во конгресот е член на комитетот за правосудство и комитетот за надворешни работи. Членува и во поткомитетот за Европа, Евроазија и секторот за итно донесување нови закони, кој е задолжен за американско-македонските односи.
Мичиген е дом на околу 125.000 Американци со македонско потекло, од кои дистриктот на конгресменот Трот е дом на еден од најголемите македонско-американски заедници во државата.
– Со оглед на тоа што конгресното изборно тело има интерес за европските прашања, сигурни сме дека конгресменот Трот ќе ги следи прашањата во врска со македонско-американската заедница, вклучувајќи ја и надежта на Македонија да стане дел од НАТО, и ќе помогне во развојот на стратегиското партнерство меѓу САД и Македонија – рече членот на Бордот и Секретар на ОМД со седиште во Мичиген, Џорџ Питерс, кој неодамна се сретна со конгресменот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.