| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени компјутерите во ОУ „Петар Његош“ во Колонија

сколо деца
Според податоците од Министерството за внатрешни работи, тешка кражба се случила ноќта помеѓу 20 – 21 март во основното училиште “Петар Петровиќ – Његош“, во скопската населба Колонија-Идризово.
Полицијата информира дека засега непознато лице, насилно го отворило прозорецот од една од училниците и влегол внатре. Тој земал шеснаесет преносни компјутери, 22 полначи и шест мауси.
Арамијта избегал, а на училиштето му направил штета од двесте илјади денари.
Скопската полиција трага по сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top