| четврток, 6 декември 2018 |

Неизбежна е воена операција во палестинскиот бегалски камп Јармук

­ Неизбежна е воена операција во палестнискиот бегалски камп Јармук, кој се наоѓа на осум километри од центарот на Дамаск и поголем дел од истиот е под контрола на џихадистите од Исламска држава, изјави сирискиот министер за национално помирување Али Хајдар.

Тој посочи дека е приоритет да бидат избркани вооружените борци и терористи од кампот.

Хајдар по средбата со претставникот на Организацијата за ослободување на Палестина Ахмад Маџалани посочи дека поради ситуацијата во бегалскиот камп Јармук потребно е воено решение.

На 1 април борци на ИД го нападнаа Јармук, најголемиот палестински бегалски камп во Сирија. Од крајот на 2012 година за кампот се бореа силите на претседателот Башар ал Асад и сириските бунтовници, со цел да добијат поддршка од палестинските групи. Но, по продорот на ИД во кампот, палестинските групи се обединија против џихадистите, а сириските военовоздухопловни сили почнаа да ги бомбардираат позициите на ИД во Јармук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top