Адвокатот на Зоран Верушевски даде изјава на суд со која го потврди делото на својот клиент. Адвокатот Ангеле Илиевски го застапува првообвинетиот во случајот „Пуч“, Верушевски. Во негово име изјави дека не е негова вина што МВР не го обезбедиле системот.
– Го објасни целокупниот систем на безбедност, како функционира и како треба да функционира и каде е грешката. Дека не е грешката кај него, туку што МВР не си обезбедува комплетна заштита – ја пренесе изјавата ТВ „Канал 5“.
Изјавата е скандалозна и е одговор на повеќе прашања што Верушевски и Заев сакаа да ги скријат. Верушевски не го негира делото, туку ја признава вината за она за што го товарат полицијата и судот.
Приказната на Верушевски изгледала исто како на крадец кој ограбил банка да очекува да биде прогласен за невин, бидејќи според негови тврдења, банката имала слаб систем за одбрана. Тврдењето на адвокатот на Верушевски дека не било вина на неговиот клиент тоа што МВР не го обезбедила системот, односно било пропуст на МВР, е класично признавање на вината за делата за кои се товари Верушевски, шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


