| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе може ли Ким Кардашијан да има второ дете?

00040896

Ништо не сакам повеќе од тоа да бидам повторно бремена, сподели Ким Кардашијан, која сфатила дека ако успее повторно да забремени, тоа ќе биде нејзината последна бременост.

– Докторот, со кој се видов денес, ми кажа што би се случило во најлош случај … Ок, ако имате бебе, тоа ќе биде последно бидејќи проблемот е во вашата плацента, која расте над матката – изјави Ким во телефонски разговор со својот сопруг Кање Вест.

Ким додаде дека во текот на следната бременост ризикува обилно да крвари. Светски познатата ѕвезда од реално шоу, која има 22-месечна ќеркичка, е решена на сѐ за да забремени повторно.

274E761E00000578-0-image-a-50_1428255034231

– Кога бев бремена со Норт, на сите им реков дека нема сума која некој може да ми ја плати за да го поминам овој пат повторно, а сега нема ништо на светот што го сакам повеќе од тоа да бидам повторно бремена – изјави 34-годишната ѕвезда во последната епизода на ТВ шоуто „Keeping Up With The Kardashians“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top