| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија: Се воведува пасошка контрола и при излез од земјата

boardpass-436

Британските погранични власти почнуваат со пасошка контрола на сите патници и при нивното напуштање на територијата на Велика Британија, соопшти Министерството за внатрешни работи во Лондон.

Според досегашните прописи, патниците беа идентификувани и проверувани само при влегувањето во земјата, но не и при излез од Велика Британија.
Новата мерка на предвидува пограничните власти да ги собираат податоците од луѓето кои заминуваат од земјата и потоа да им ги предаваат на британското Министерство за внатрешни работи.

Посебна контрола ќе се прави за патниците кои го минуваат каналот Ла Манш, што ги дели Велика Британија и Франција. Тоа ќе се однесува како за патниците со или без автомобили, со возовите „Евростар“ кои минваат низ тунелот под Каналот, така и за оние кои заминуваат со фериботите на линијата од Довер до Кале.
Проверките на оваа мерка, што досега беше применувана покажа дека новата дополнителна контрола на пасошите и идентификацијата на патниците не предизвикува проблеми и застои во транспортот. Проверки се правени како кај терминалот на „Евростар“ кај Фолкстон, така и на пристаништето во Довер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top