| четврток, 6 декември 2018 |

Тричковски повторно шири омраза- повикува на палење на Собранието, на Владата, на ВМРО- ДПМНЕ

тричкоБранко Тричковски, новинар чија што агресија и говор на омраза против власта ги надминува сите граници, во својата последна колумна за порталот на Бранко Героски, Плусинфо „Нема решение со Груевски, туку само против Груевски!“ пишува: Се плашам дека нешто ќе мораме да запалиме и ние, дали ќе биде тоа Партискиот дом како во Бугарија (ние би добиле прекрасни контрасти на црниот дим врз белата мермерна подлога на новиот Партиски дом на вемерето), или Собранието, како во Белград, а можеби ќе биде нужно да се замачка малку и стиропорната белина на владината куќа, не знам, но тоа е тоа, браќа и сестри, кога ќе заглавиш во длабокото мораш да маваш со рацете и со нозете, да се обидуваш да пливаш и да не се жалиш ако некоја риба, како во вицот за Мујо и Хасо, ти влезе во газот!

Зошто Тричковски смета дека ова е решение на актуелната политичка состојба која што опозицијата упорно се обидува да ја наметне? Ваквите колумни кои редовно се објавуваат во сопствената медиумска машинерија на СДСМ, и покрај постојаните обвинувања за „недостаток на медиумска слобода“, се обид да се создаде вештачка дестабилизација на Македонија.

Оваа непопуларна и застарена политика  на делување јасно покажува дека зад ваквите демолирачки и деструктивни идеи по македонска нација нема одзив кај граѓаните. Уште помалку, никој нема да тргне по тој мост кој води само во провалија. На површина излегуваат само јасни партиски интереси. Народот ги увиде намерите на опозицијата во сите нејзини делувања кои се конфронтираат со идејата за напредок на државата.

Тричковски во својата колумна игра со многу чувствителни теми и ја потценува националната генетика и колективната меморија. Кој тоа може да се осмели да повикува на палење на партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието или Владата?

Овие нарачани текстови со јавни повици даваат чиста слика за целосната шизофренија на СДСМ, кој наместо демократија повикува на радикалност и насилство. Ова е уште еден во низата докази дека опозицијата во Македонија се впушти во борбата за власт без аргументи на своја страна. Решението за безизлезноста која сама ја создаде со сите сили и по секоја цена го гледа во сценариото за предизвикување разнебитување на македонското национално ткиво.

СДСМ и нејзините пера играат на картата на продуцирање вештачката криза. Токму Тричковски во својата колумна се надоврзува на сценариото кое залудно се обидува да го пласира Зоран Заев, сценарио зад кое стојат странски центри. Трагикомичен е обидот на опозицијата упорно да пласира информации дека нема демократија, а токму тие се први кои повикуваат на насилство, на палење, нетолеранција и агресивност. Колумните на перланиците како сапуница ги распрснуваат сите лаги на СДСМ, откривајќи ја вистината- дека Зоран Заев зад ова крие поголемо сценарио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top